Посредникот во Македонија Ванхауте вели дека ќе разгледуваат што опозицијата ќе прави во наредните денови и ќе го продолжат дијалогот со нив, се со цел да ги вратат на преговарачка маса.
– Во следните недели ќе продолжиме да се обидеме да работиме, особено на приоритетните проблеми. Ќе дадеме се од себе за да достигнеме договор за овие проблеми, рече Ванхауте.
Ванхауте рече дека ќе го следат и проблемот со изборите се додека не бидат сигурни дека ако дојде до избори тоа ќе биде на најсоодветен начин.
Претходно Хан рече дека процесот е во тешка фаза, дека состојбата во Македонија е лоша. Груевски заминирање на преговорите го обвини Заев. Лидерот на СДСМ пак рече дека не отстапуваат од барањето за фер и слободни избори.
„Избори се можни само со прочистен избирачки список и минимум професионални медиумски стандарди. Продолжуваме да се бориме. Избори на 24 април не прифаќаме“, изјави лидерот на опозицијата по завршувањето на средбата.
ВМРО-ДПМНЕ инсистира изборите да се одржат на 24 април.