Груевски: Заев молеше да нема избори на 24 април

by Фокус

Никола Груевски по завршувањето на науспешните преговори изјави дека три партии биле подготвени да се постигне договор, а само Заев инсистирал да се прифати одложување на изборите.

-Ни потроши 12 часа Зоран Заев за да моли, да инсистира да нема избори, место да разговара за методологијата на избирачките списоци. Тој не сака избори зошто ќе ги изгуби, сака одложување без сериозни аргументи. Законот за медиуми за кој бара измени, тоа го нема во ниту една држава. Овој човек само во криза е актуелен и верува дека само преку криза ќе дојде на власт, рече Груевски.

Тој тврдеше дека еврокомесарот Хан јасно им кажал дека претседателот на Државната изборна комисија го известил дека не постојат никакви пречки за одржување на изборите на 24 април, исто како и ОБСЕ.

Поврзани новости