Ванхауте: Избори во вакви услови се погреб на демократијата

by Фокус 10:50
10:50

Питер Ванхауте, доскорешниот меѓународен посредник во политичката криза во земјава, се појави со уште еден пост на социјалните мрежи во врска со политичката криза во Македонија, особено тактизирањето на ДУИ со излегувањето и останувањето во Владата. Ванхауте напиша: Замислете, една Влада, каде што еден од коалициските партнери си поднесе оставка. Премиерот молчи. Претседателот на најголемата партија тврди дека: “Тие можат да ги пополнат отворените места кога сакаат.”

Според Договорот за Пржино, СДСМ ќе добие некои министри и заменици министри во Владата, а не целосно да учествува како коалициска партија, туку за контрола на клучните области на Владата во врска со изборите.

- Advertisements -

Заклучок: влада без ДУИ е Влада без мнозинство. Што ќе се случи во нормален демократски систем?

  1. Премиерот дава изјава за јавноста, признавајќи дека постои политичка криза.
  2. Премиерот веднаш се упатува кон Парламентот и нуди Оставката на Владата или
  3. Премиерот бара гласање на доверба за да се види дали има мнозинство во парламентот кое сѐ уште ја поддржува владата.

Фактот дека премиерот не реагира воопшто, не е нешто нормално за една демократска држава, бидејќи кризата е негова основна одговорност. Дека претседателот на партијата ја презема де-факто неговата улога, е многу загрижувачки и докажува дека земјата ја води партијата, а не Владата. Принципот на одвојување на партијата од државата не се почитува.

Во еден неодамнешен говор, претседателот на Република Македонија застана во одбрана на поимот „државен интерес“. Да, тоа е во интерес на државата – да се врати демократијата. Да, тоа е во интерес на сите граѓани да ја бранат демократијата и да се очекува дека основните демократски принципи се почитуваат од страна на политичките партии на власт.

Со ваквото непочитување на основните демократски принципи, јасно е дека со изборите нема да се подобри демократијата, туку тоа ќе биде погребот на остатоците на она што некогаш беше една демократска држава.

 

Поврзани новости