ФРОДЕМ до Ахмети: Не е време за седење на две столчиња

by Фокус 11:02
11:02

ФРОДЕМ испрати отворено писмо до лидерот на ДУИ, Ахмети со цел да го потсети на важноста на демократијата и начинот на кој се однесува ДУИ. Во писмото се наведува:

-Господине Ахмети, од денес па натаму седењето на две столчиња станува невозможна мисија. Затоа, Ве повикуваме активно и недвосмислено да учествувате во враќањето на демократијата и владеењето на правото. Без намера да навлегуваме во Вашите партиски активности и политики, сепак сакаме да ви укажеме дека е потребно целосно почитување на договорот од „Пржино“, меѓутоа и активно и принципиелно реагирање на секоја нова ситуација во која се појавува селективност на правда, криминалот и загрозување на слободите и правата на граѓаните и меѓуетничките односи. Затварањето очи пред овие аномалии и реагирање само кога се засегнати личните и партиските интереси, не се карактеристики и одлика на современи и чесни политички лидери и партии.

- Advertising -

ФРОДЕМ цени дека е дојден моментот кога треба јасно јавно да се констатира дека толерирањето на недостаток на демократија поради одржување на стабилноста и мирот во државата е лажно и беспредметно. Загрозената демократија сега е клучен фактор за дестабилизација на Македонија. На сите им е јасно дека тие што треба да ја чуваат безбедноста и да ги штитат човековите права, преку сторените злоупотреби се најголеми загрозувачи на стабилноста. Вие, како дел од власта, досега не покренавте ниту една постапка за преиспитување на ова загрозување на стабилноста, ниту за монтруозното прислушување, ниту за монтираните политички процеси. Упорно молчевте.

Само пред еден месец, во врска со постаментот на крстот во општина „Бутел“ покажавте политичко хазардерство со навлегување во сценарија на меѓуетничка и верска нетрпеливост. Ве потсетувам дека дел од раковоството на ДУИ, фатено и испреплетено за раце, тргна кон рушење на постаментите на крстот со што по којзнае кој пат се ставивте во улога на одработувачи на агендата на Вашиот коалиционен партнер?

Македонија не може и не смее да биде заложник на ничии лоши и нереализирани политики. Најмалку треба да биде зложник на лошите политики на ДУИ спрема сопственото гласачко тело, за да периодично, кога ќе оцени дека има моментален политички профит, да продуцира политичка и друг тип на криза.! Ова е наше најдобронамерно укажување, затоа што доколку и понатаму ја играате оваа игра ќе го изгубите и тоа што ви преостана од моралниот и политички кредибилитет. Во оваа ситуација сакаме да ви укажеме дека ФРОДЕМ ги осудува сите обиди и облици на загрозување на приватноста на било која личност!

Очекуваме да реагирате искрено, одговорно, демократски и интегративно! Сите други постапувања кои ги прегазило времето и историјата не само Вам туку и на сите нас да ни наштетат и да не доведат до амбисот од кој нема враќање назад

Поврзани новости