395
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, повеќе од 2 и пол часа во зградата на Јавното обвинителство, давал исказ како сведок за предистражната постапка за злоупотребите со АКМИС-от во кривичниот суд во Скопје и во Врховниот суд, објави Макфакс.
На прашање за што бил повикан, рече дека бил повикан како сведок. Му поставувале прашања обвинителите. Рече дека влегол во Обвинителството од таму од каде што се влегува, бидејќи камерите претходно не го регистрираа дека влегува од главниот влез.
Вангеловски е повикан како сведок во предистражната постапка која ОЈО Скопје ја отвори за злоупотреби на системот за електронска распределба на судски предмети.