Вангеловски не дозволува во свечената сала да му се суди на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

На 2 април треба да стартува судењето за најголемиот случај на СЈО, „Титаник“, поради што на обвинителна клупа ќе седне поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со екс премиерот Никола Груевски, каде што ќе им се суди за изборен криминал од 2011 до 2014 година.

Поради големиот број на обвинети, 21 на број, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, од претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски побарал да се дозволи судењето во април и мај да се одвива во свечената сала на судот, но Вангеловски го одбил ваквото барање.

-Ве известувам дека користењето на салата не се одобрува, заради потребите на Врховниот суд, стои во одговорот на Вангеловски испратен до Џолев.

Засега не успеавме да добиеме детали од претседателот Вангеловски, за кои точно потреби е зафатена свечената сала?

Поради ваквата ситуација останува нејасно каде ќе им се суди на обвинетите, бидејќи во Кривичниот суд и во Апелација нема доволно голема сала за да ги собере обвинетите, адвокатите, како и новинарите.

Соодветни услови за судење има во новата барокна зграда во која треба да се пресели Кривичниот суд, но неизвесно е дали преселбата ќе се изврши до закажаниот датум, на 31 март.

 

Поврзани новости