Вангеловски: Исто ќе ги третирам и ОЈО и СЈО

by fokus

Новоизбраниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, во интервју за „Дојче Веле“ најави дека Врховниот суд ќе се отвори кон јавноста и ќе биде транспарентен, но и дека Основното јавно обвинителство и Специјалното јавно обвинителство ќе бидат исто третирани.

-Најавувам големо отворање на Врховниот суд кон јавноста и медиумите. Во последните години имаше подобрувања, но имам концепт за многу поактивен пристап во таа насока. Наша обврска е да ги почитуваме законите. За мене и Специјалното јавно обвинителство, и Републичкото јавно обвинителство, и адвокатите, и обвинетите, се странки во процесот. Сите имаат исти права и сите ќе бидат подеднакво третирани, рече Вангеловски.

Изборот на Вангеловски вчера беше медиумски проследен со потсетувања дека неговото име се спомнува во една од „бомбите“ и дека му е кум на досегашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Вангеловски, кој и во претходно интервју за ДВ за посочената аудио-снимка изјави дека „кај него немало никакви интервенции (политички- н.з.), и дека од тој аспект совеста му е мирна“, повторното спомнување на „бомбите“ и кумството, ги смета за „излитена работа“.

Поврзани новости