Ѓорѓе Иванов замина за Азербејџан

by fokus

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во работна посета на Република Азербејџан, каде е предвидено да има билатерална средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, а ќе учествува и на третиот Глобален форум во Баку „Градење доверба во новиот светски поредок“, пренесува телвизија 21.

На Глобалниот форум во Баку, што е во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, Мадридскиот клуб и Азербејџанскиот државен комитет за работа со дијаспора, предвидено е Иванов да се обрати на сесијата на отворањето на форумот, Алијев, поранешниот претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, премиерот на Малта, Џозеф Мускат, а предвидени се и пораки од германската канцеларка Ангела Меркел и од поранешниот британски премиер, Дејвид Камерон, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

на Форумот најавено е учество на повеќе од 100 претставници од околу 60 земји во светот и десетици меѓународни организации, како и голем број поранешни претседатели и премиери од целиот свет.

Поврзани новости