Вандали се обиделе да ја запалат светлосната уметничка инсталација во Градски парк

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, непознати вандали се обиделе да ја запалат светлосната уметничка инсталација која се наоѓа во непосредна близина на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје.

Оваа уметничка инсталација е направена од уметник кој ја сработил за Скопскиот фестивал на светлината, а за среќа обидот за нејзино палење бил неуспешен.

„Вчера се направило обид да се запали, но за среќа неуспешно. Со палењето на ова дело ќе се направело и поголема штета, бидејќи истата е поставена во Градскиот парк каде што има голема вегетација на дрва со што би се предизвикало пожар од поголем карактер“, велат од Противпожарната бригата на Скопје.

Поврзани новости