1.2K
Директорот на Државниот инспекторат на локалната самоуправа, Ванчо Шехтански, даде неотповиклива оставка. Тој ја поднел својата оставка вчера, објаснувајќи дека е нелогично да носи одлуки во време кога има нов владин состав.
„Сметам дека со оглед на тоа дека сум именуван од претходен владин состав, нелогично е да носам одлуки во време кога има нов владин состав и нови кадровски решенија кои е логично да одлучуваат и да ја водат институцијата во иднина“, пишува Шехтански во својата оставка.
Шехтански во 2009та година е назначен за прв директор на Агенцијата за управување со одземен имот, а од септември 2010 е директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.