Жерновски: Очекувам поддршка од СДСМ за новата кандидатура

by fokus

Градоначалникот на град Скопје, Андреј Жерновски, изјави дека ќе се кандидира за уште еден мандат во општината. Тој одговарајќи на новинарски прашања изјави дека кандидатурата ја предал преку партијата СДСМ и дека ја очекува нивната поддршка.

„Одлуката ќе зависи од СДСМ. Јас ќе ги почитувам партиските процедури и веќе ја поднесов мојата кандидатура. Тука се анкетите и поддршката, па ќе сочекаме на одлуката на СДСМ за тоа дали ќе бидам кандидат за градоначалник на општина Центар“, изјави Жерновски, но не одговори дали доколку не добие поддршка ќе се одлучи самостојно да настапи на изборите.

Градоначалникот Андреј Жерновски денеска го презентираше отчетот за сработеното во четиригодишниот мандат како градоначалник на општина Центар, во кој ги претстави неговите реализирани проекти. За успесите Жерновски смета дека е заслужен лично тој и раководството на Центар бидејќи сите проекти биле финансирани од буџетот на општината.

„Наследивме празна буџетска каса, а во првите три месеци во општината влегоа три пати повеќе инспектори од целиот мандат на претходниот градоначалник. Но и покрај тоа, за 4 години, успеавме општината Центар да ја направиме поубава, поурбана, позелена, општина со жив дух на културата, дружбата, хуманоста и спортот“,  рече градоначалникот Андреј Жерновски на денешниот брифинг за новинарите.

Поврзани новости