Ванчо Петрушевски загинал додека работел со електричен заварувач на својата викендичка

by fokus

Со смртта на Ванчо Петрушески, Македонија загуби одличен актер и врвен глумец. Колегите се простуваат од него, а погребот ќе се изврши утре.

Како што потврдуваат од МВР, актерот загинал при работење со електричен заварувач на пластични цевки.

„На 25.08.2018 година било пријавено дека околу 13.20 часот во село Орешани, скопско,  И.П.(67) од Скопје, додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки, го удрило струен удар и истиот починал на местото на настанот. Извршен е увид. За настанот е известен Јавен обвинител“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости