Валентин Зафиров: Стотина лица се неоправдано во притвор!

by fokus 20:50
20:50

Предлозите на СЈО за изрекување мерка притвор се одбиваат од страна на Судот, а со тоа осомничените се оставени на слобода, иако можат да влијаат врз сведоците и да и наштетат на истрагата, вели поранешниот истражен судија и претседател на Комитетот за заштита на правата Валентин Зафиров.

Според него, судовите спроведуваат селективна правда во однос на одредување на мерката притвор, бидејќи  во другите случаи, околу 100 лица, или се неправедно притворени или неоправдано им е продолжена мерката притвор.

- Advertisements -

И Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира за селективната правда. Тие го посочија случајот со новинарот Зоран Божиновски, кој веќе шест месеци е во притвор.

 -Хелсиншкиот комитет потсетува дека по завршувањето на истражната постапка, на судот освен притворот, кој претставува најекстремна мерка, на располагање му стојат алтернативни мерки како што се куќен притвор, гаранција, одземање на патната исправа. Хелсиншкиот комитет најавува дека во недостиг од соодветна реакција од страна на македонските судови, е подготвен да започне жалбена постапка пред Европскиот суд за човекови права, велат од Хелсиншки комитет.

 

И покрај неколкуте барања на СЈО за притвор и за одредување на мерки на претпазливост, судот досега им изрече притвор само на Горан Грујоски и Владимир Талески.

Поврзани новости