Валандовчанката Пепита победи на Фолк Фест Валандово 2022

by fokus

Младата валандовчанка Пепита Бојкова победи на Фолк Фест Валандово 2022 со песната ,,До мојот последен здив”.

На 35-то јубилејно издание на фестивалот, синоќа во фестивалската сала ,,Јанко Узунов” се одржа натпреварувачката вечер, а учество зедоа 23 новокомпонирани фолк композиции. Второ место го освои Лилјана Прнаркова со песната ,,Стариот јавор”, а пак трето место освои Ефто Пупиновски со песната ,,Изгубени души”.

Пепита е позната во регионот по настапите со ,,Астра Бенд”, а пред неколку години си ја испроба среќата и во регионалното музичко шоу ,,Ѕвездите на гранд”.

Победничката песна е дело на Филип Пешевски – музика, Борче Нечовски – текст и аранжман на Никола Автовски.

Изминативе три дена Валандово живееше во духот на македонската песна, и привлече голем број на посетители од целата земја, но и од регионот, кои првите две вечери уживаа во концертите на отворено, на градскиот плоштад, а пак синоќа во натпреварувачката вечер.

Вики Клинчарова

Поврзани новости