Вакцинирањето против корона вирус во Германија нема да биде задолжително

by Frosina Fakova

Вакцинирањето против корона вирусот нема да биде задолжително во Германија, изјави шефот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелгер Браун.

Тој изјави дека вакцинирањето ќе се спроведува врз доброволна основа.

-Секако, добро би било да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе, но сите ќе одлучат сами, рече Браун.

Тој кажа дека кога ќе има вакцина, а се надева дека тоа ќе биде наскоро, секој што сака да се вакцинира ќе може тоа да го стори.

-Ако не сакате, тогаш сами ќе мора да го понесете ризикот од заразување, рече Браун.

Тој изрази надеж дека меѓу почетокот и средината на следната година вакцината ќе биде достапна за населението.

Потоа, додаде тој, пандемијата ќе заврши.

-Откако ќе се појави вакцината нема да има веќе ограничувања и ние ќе се вратиме во нормалниот живот, рече Браун.

Поврзани новости