Кредитните агенции проектираат пад, па закрепнување на економијата идната година

by Frosina Fakova

Кредитните агенции „Фич“ и „Стандард и Пурс“ го потврдија уште еднаш кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија. „Фич“ ја оценува земјава со ББ+, но сега со негативен изглед поради глобалната пандемија, додека „Стандард и Пурс“ со ББ- со стабилен изглед, соопшти денеска Министерството за финансии.

И двете кредитни агенции, како резултат на КОВИД-19 кризата и проекциите за забавување на глобалната економија, предвидуваат контракција на економскиот резултат во 2020 година и закрепнување, односно раст во 2021 година, со тоа што Фич проектира -4,2 проценти за 2020 и 5,1 процент раст во 2021, додека „Стандард и Пурс“ -5 проценти во 2020 и 3,8 проценти во 2021 година.

-Кредитните агенции ги нотираат мерките кои се преземени од страна на Владата насочени кон зачувување на работните места, поддршка за најпогодените индустрии, како и меки регулаторни мерки. Како што се наведува и во двата извештаја мерките ќе придонесат за зголемување на буџетскиот дефицит и ќе влијаат на зголемување на државниот долг кој според проценките на кредитните агенции ќе се приближи до 50 проценти. Заедно со опоравувањето на економијата се предвидува и намалување и стабилизирање на буџетскиот дефицит, соопшти Министерството за финансии.

Кредитни агенции го оценуваат банкарскиот сектор како стабилен исто, како и домашната валута која има фиксен курс со еврото.

Од Министерството за финансии дополнуваат дека и двете агенции како позитивно го оценуваат зеленото светло од Европската унија за почеток на преговори што заедно со спроведувањето на реформи може значително да придонесе за развој на економијата.

Поврзани новости