Распаднат човечки труп најден во близина на Горна Матка

by Frosina Fakova

Човечки труд во фаза на распаѓање вчера бил најден во близина на Горна Матка, на патот кон Козјак.

-На 15.05.2020 околу 19.00 часот, полициски службеници при вршење обиколка во Горна Матка, во близина на карпите, пронашле човечки труп во фаза на распаѓање“ соопштуваат од МВР.

На местото на настанот се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје. Од лешот се гледа само черепот, а на местото е упатен јавен обвинител, пред да се продолжи со копање.

Нема информации чие e безживотното тело, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Поврзани новости