Вакцинацијата на новинарите во Србија ќе почне во вторник

by fokus

Вакцинацијата на новинарите во Србија кои известуваат од терен и медиумските работници неопходни за функционирање на редакциите ќе започне во вторник, соопшти Здружението на новинари на Србија (УНС).

-Вакцинацијата на новинари и други медиумски работници против Ковид-19 ќе започне во вторник, истакнуваат од Здружението на новинари на Србија, по чија иницијатива новинарите се вклучени во приоритетните групи за имунизација.

Здружението апелираше до редакциите да ги земат предвид најзагрозените колеги од дневните редакции, новинари, сниматели, фоторепортери и други кои поголемиот дел од своето време го поминуваат на терен или оние на кои здравјето им е најзагрозено поради други објективни причини.

Поврзани новости