Него, кога веќе сум кај програмата на ДПМНЕ, да дополнам уште нешто кај ветувањата за минималната плата. Во септември 2015 година пратеничката група на СДСМ и опозицијата до Собранието поднесе предлог за измени на закон со коишто минимална плата би се зголемила на 11.000 денари. Тогаш овој предлог ДПМНЕ го оцени за невозможна мисија и крајно популистички потег. Година и пар месеци подоцна од одбивањето на овој предлог закон за зголемување на минимална плата, СДСМ истиот го стави во својата предизборна програма. Ако тогаш тоа било невозможно и популистички за Власта, денес Никола Груевски и ДПМНЕ во својата програма ветуваат дека минималната плата ќе се зголеми на 14.000 денари и тоа го оценуваат како #Реално и возможно.
А бе сето ова коа ќе ти се собере на куп, ти доаѓа да излезеш надвор и да се изнадишеш од среќа и радост!