Нова кривична за Панчевски, влијаел на судии да се стекне со туѓ имот

by fokus

Кочо Стојчески, како приватно лице, поднесе кривична пријава во СЈО против Владимир Панчевски-претседателот на Кривичен суд и против други лица за злоупотреба на службена должност и овластување, објави А1Он.

Стојчески го сомничи Панчевски дека влијаел на судии за донесување на пресуда за стекнување на наследно право во постапката за денационализација на објект изграден на улица „Никола Вапцаров“ број 6.

Во пријавата до СЈО е наведено дека Панчевски поднел нецелосни податоци за сопственоста на објектот во постапка за добивање на одобрение за реконструкција, каде што лажно се претставил тој и уште двајца од семејството дека се единствени сопственици на објектот. Како доказ во кривичната пријава на Стојчески се доставени имотни листови бр. 97270 и бр. 107669 каде што како сопственик покрај другите се јавува и Република Македонија со 67 метри квадратни стан 2 во влез 1, како и лицето А.Д. кој е сопственик на 5/17 од стан 1 во влез 1 со површина од 113 метри квадратни.

Кривичната пријава, според Стојчески е поднесена до СЈО, бидејќи од обемот на прислушувани разговори постојат основани сомненија дека во дел од нив може да има докази за кривичните дела наведени во пријавата.

Поврзани новости