Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Иво Вајгл во интервју за емисијата „360 степени“ изјави дека се уште не сретнал човек во Брисел што мисли дека во Македонија треба да има нови избори.
-Сè уште не сум слушнал ниту еден човек во ЕП кој смета дека треба да се оди на нови избори. Според тоа, ставот на ЕП, на ЕК, како и ставот што го изнесе Туск за време на посетата на Скопје, а тоа се ставовите што можете да ги слушнете од сите страни од НАТО, од претставници на пријателски држави дека треба да се почитуваат резултатите од изборите и дека треба се оди по патот на нормални, демократски процедури што значи дека оној што има парламентарно мнозинство треба да добие мандат за влада и тука нема никаква друга игра, рече Вајгл.
По нападите дека поддржувал „платеници“ и „луѓе на Сорос“ во Македонија, европратеникот вели тоа се глупости за кои не сака ниту да коментира.