Новите патриотски здруженија со симболи како терористички организации?

by fokus 18:45
18:45

Во последниве месеци, особено по прогласот на ВМРО-ДПМНЕ што пред Државната изборна комисија го прочита Никола Груевски во кој се повикуваше на „десоросоизација“, се регистрираат таканаречени патриотски здруженија. Тие се регистрираат како граѓански здруженија во Централниот регистер и повеќето во своите логоа или грбови имаат оружје.

На амблемот на Македонското патриотско здружение „Методија Патче“ од Охрид кое што веќе се промовира на социјалните мрежи е испишано „ВМРО“ и „Слобода или смрт“, а се состои од костурска глава, пушка, копје и бомба.

- Advertisements -

Професорката Мирјана Најчевска за Фокус објаснува дека кога на логото на едно здружение е ставено оружје и мртовечка глава, тоа значи дека станува збор за терористичка организација.

-Во моментов македонските власти не само што толерираат туку и регистрираат терористички организации кои јавно објавуваат дека ќе ги атакуваат институциите доколку не се исполнат нивните барања. Држава која според Уставот е социјална и се базира на концептот за човекови права не смее да толерира ваква симболика, вели Најчевска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во прогласот пред ДИК најави дека тие ќе се борат за јакнење на невладиниот сектор, а последниве денови го повикува народот да биде буден и подготвен. Дел од „патриотските“ здруженија на социјалните мрежи веќе најавуваат дека со сите средства ќе ја „бранат“ Македонија.

Катерина Смилева

 

Поврзани новости