404
-Јас сум бесен и разочаран. Не сакам да кажам дека сум разочаран со вчерашниот дијалог, туку со резултатот на развојот на настаните со дијалогот. Се разбира, големо е разочарувањето од односот на некои политички актери, кои очигледно немаат чувство за евро-атлантската иднина на Република Македонија, изјави известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска за МИА.
Тој не сакаше да каже кој од македонските политички лидери нема чувство за евро-атлантската иднина на Македонија и како што рече, премногу бил искусен за да дава изјава за поедини личности и политичари.
Вајгл посочи дека сега се зависи од македонските политичари и вчера во Брисел било договорено дека разговорите мора да продолжат.