Иванов: Од сите зборови, денес еден е најважен за Македонија

by Фокус

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска при обраќањето на свечената академија посветена на 200 годишнината од раѓањето и 110 години од смртта на хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер упати порака до политичките партии.

-Од сите зборови, денес еден е најважен за Македонија, а тоа е зборот дијалог. Денес има многу различни идеи, погледи и политички партии и во тоа се состои и богатството на демократијата, но имаме само една држава, рече Иванов.

Тој упати порака и до лидерите на политичките партии, да не се клеветат и проколнуваат, туку да си помагаат и да се почитуваат.

Поврзани новости