Јаким Неделков го немаше да и објасни на актерката Ристиќ зошто е неподобна

by Фокус 18:53
18:53

Актерката Ирена Ристиќ денеска отиде во канцеларијата на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, за да и објасни зошто дал насоки да биде сменета кратко време по нејзиниот избор за претседател на синдикатот на Драмски театар, но тој не беше таму.

-Беа јавно прочитани обвиненија против мене, но никој не ги елаборираше, никој не достави никакви докази. Ова оспорување на мојот избор не е базирано врз основа на тоа што процедуварално не сме го воделе изборот, односно гласањето, туку поради мојата наводна неподобност базирана на четири приговори кои не ми се доставени, а кои јас јавно ги побарав пред целиот колектив, изјави актерката Ристиќ.

- Advertisements -

Таа рече дека ова го прави за да докаже дека ова е само уште едно делче во, како што рече, агоничниот мозаик кој го живееме години наназад и има еден куп нејасностии.

Во барањето што Ристиќ денеска се обиде да му го достави на претседателот на СОНК пишува:

„Согласно моето активно членство во СОНК и фактот дека никогаш досега немало на дневен ред на СОНК и на синдикалната организација точка за мое исклучување, поради непочитување на одлуките на СОНК и Статутот, Ве молам за писмена достава на – Записник од седницата на која бев едногласно избрана за нов претседател на синдикатот на Драмски (27 присутни активни членови), како и од онаа на која се решаваше за поништување на истиот избор за претседател на СОНК при Драмски театар.“

Поврзани новости