-ВМРО-ДПМНЕ бескомпромисно ги повика луѓето на улица и тие парадираат. Се плашам дека ова нешто на улиците може да ескалира. Не сакам да зборувам за најмрачните сценарија, сепак, таму се можни – порача Иво Вајгл за агенцијата Анадолија, по враќањето од Скопје.
Тој смета дека уште долго време нама да има компромис за формирање влада, бидејќи Никола Груевски е спремен да оди до крај.
-Најкарактеристична е, изјавата која ни ја даде Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој сподели дека тој ќе оди до крај, бидејќи несака да оди во затвор. Ако тоа е мотивот, тоа значи дека долго време нема да има компромис- вели Вајгл.
Европратеникот, сепак, потсетува дека СДСМ има и друга варијанта, односно дека може да се формира влада и без мандатот од Ѓорге Иванов.
Вајгл вели дека Европските институции прават се што можат и не сакаше да зборува за санкции, бидејќи уште верува во некој расплет.
-Им реков да застанат, Заев и Груевски, и во четири очи поштено да се договорат за тоа каде ја водат земјата – заврши европратеникот.