Инспекторатот не можел да најде докази за политичка злоупотреба на средношколците

by fokus

И покрај секојдневните протести и видео снимките од директори кои со националистички говори ги тераа средношколците да одат на протест, Државниот просветен инспекторат не нашол докази за злоупотреба на учениците.

Нема да има санкции за директорот на прилепската гимназија, Кире Николоски,  кој во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп ги повикуваше учениците „да си ја одбранат државата”, иако против него родители веќе поднесоа кривични пријави.

Народниот правобранител за „Алсат“ изјави дека се сомнева во одлуката на Инспекторатот. Иџет Мемети најавува постапка за утврдување на веродостојноста на одлуката на ова државно тело.

-Инспекторатот не смее да се однесува така и да рече дека немаме докази, кога докази имаме од медиумите, дури и изјави од директорите на училиштата. Секако дека Народниот правобранител врши мониторинг на работата на Инспекторатот за тоа дали тие постапката ја водат законски. Од денес ние во канцеларијата на Народниот правобранител ќе отвориме постапка за Државниот просветен инспекторат за да се утврди дали Инспекторатот работи согласно законот или и тие се политизирани и се обидуваат да затворат постапки или да скријат јасни докази – изјави Мемети.

Поврзани новости