Премиерот и лидер на СДСМ на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски в среда би требало да одржат средба во Клубот на пратениците.
Официјална потврда за ова нема, неофицијалните информации ги објавуваа МИА.
Засега за часот и форматот на оваа средба нема информации. Ковачевски најави средба со Мицкоски и со тимовите од двете страни, додека Мицкоски вчера изјави дека преферира тет-а-тет средба затоа што според неговото искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци.
Премиерот Ковачевски кажа дека теми на разговор би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата, додека Мицкоски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласаат за овие измени и дека треба да се оди на есенски избори.
Мицкоски, пак, во емисијата „360 степени“ рече дека преферира средба само со Ковачевски.
Според него, доколку постои инсистирање наместо лидерска да има тимска средба, тогаш предлогот е прво да се организира средба меѓу тимовите, да се видат позициите, а потоа да се сретнат лидерите на двете партии.
Вели дека има две опции за кои би требало да се разговара – едната се уставните измени и втората што доколку не успее овој процес.