Албанија на први јуни го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.
– Во Њујок на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Ферит Хоџа амбасадор во ОН ова го оценува како голема одговорност, но секако и привилегија, пренесува Топ чанел.
Според истиот извор министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија.
Албанија членка на ОН е од 14 декември 1955 година а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше примена на 11 јуни 2021 година, што се смета за историски датум за земјата.