Првото рочиште на судењето против девет обвинети за насилствата на 27 минатиот месец кога во Собранието беа тепани пратеници се очекува да се одржи во четврток , објави Телма.
Меѓу првите деветмина за кои обвинителството изработи обвинителен акт и се товарат за кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во службено дејствије“ се и Димче Христовски со прекар Жабата, Ангеле Зафировски или Бате Геле и уште седумина кои јасно се гледаат на новинарските снимки како удираат или фрлаат предмети по пратениците и присутните во прес салата.
Двајца ќе бидат донесени од притвор, двајца од куќен притвор, а четворица претходно добија мерки за претпазливост.
Инку, пратениците се уште сведочат за нападот и случувањата во Собранието – по, два часа исказ, пратеникот Љупчо Николовски пред јавен обвнител сведочел дека насилниците имале и организатор, за кого побара одговорност пред истражните органи.