Утврден текстот на Предлог-законот за лекови

by fokus

На предлог на Министерството за здравство, на денешната 86-та седница на Владаta, е утврден текстот на Предлог законот за лекови со кој се уредуваат лековите за употреба во хуманата медицина, условите и начинот за обезбедување на нивниот квалитет, безбедност и ефикасност, начинот и постапките за нивно производство, испитување, означување, класификација, ставање во промет, промет, фармаковигиланца, формирање цени, контрола на квалитет, огласување и инспекциски надзор.

– Изготвувањето на Предлог законот за лековите е поддржан од страна на Европската комисија и има за цел да обезбеди поддршка за Агенцијата за лекови и медицински средства за усогласување со меѓународните стандарди и добрите фармацевтски практики, како и усогласување на националното законодавство за лекови со законодавството на ЕУ (EU acquis), соопштија од Владата.

Поврзани новости