Уценувал 18-годишна девојка ќе објави нејзини фотографии, ако не му даде 400 евра

by Fokus

Осумнаесетгодишна девојка од гостиварското село Добри Дол, вчера во полициската станица Гостивар пријавила тетовец дека ја уценувал.

Од тетовската полиција информираат дека девојката подолг период се соочувала со заканите и уцените на 20-годишен тетовец, кој преку пораки и телефонски повици од неа барал 400 евра, во спротивно ќе објавел нејзини фотографии. Фотографиите со кои девојката била уценувана наводно биле преземени од нејзина сметка на социјалните мрежи. Според девојката, тетовецот инсистирал да се видат и вршел притисок.

По пријавувањето, од полицијата велат го открила идентитетот на уценувачот и најавува дека ќе биде повикан на разговор.

 

Поврзани новости