Измислил дека бил киднапиран, бидејќи должел пари

by Fokus

Жител на тетовското село Жеровјане поради финансиски долгови исценирал случај на грабнување. Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со пријавеното грабнување на 52-годишниот А.А. од  Жеровјане, кој бил пронајден во Гостивар, а потоа повикан во тетовската полиција. Тој сам го измислил киднапирањето поради долгови.

Исчезнувањето на А.А. било пријавено во Полициска станица Жеровјане на 8-ми овој месец во 15 часот. Потоа на телефонот на зетот Н.Б. од тетовското село Боговиње му пристигнале смс пораки дека исчезнатиот со неговото возило бил задржан од непознати лица и оти ќе биде пуштен откако ќе се даде одредена сума на пари.

Н.Б. вчера околу 18 часот во Полициската станица Тетово го пријавил случајот како грабнување.

Поврзани новости