566
По вчерашниот земјотрес околу пладне во Скопје, утрово имаше земјотрес со епицентар во Делчево. Земјотресотсе случил во 8:58 часот и бил со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала.
Според Европската сеизмолошка станица епицентарот на земјотресот бил во Делчево на длабочина од 2 километри.
Вчерашниот земјотрес во Скопје беше со јачина од 2,6 степени по Рихтер, со епицентар пет километри источно од Скопје.