Хан утре ќе се сретне со политичките лидери, со СЈО и со невладини организации

by fokus

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, утре доаѓа во посета на Македонија. На неговата агенда се средби со четворицата лидери на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Освен со нив, Хан ќе се сретне и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со претставници на неколку невладини организации.

Теми на кои ќе се разговара се очекува да бидат СЈО и попречувањата на неговата работа, спореведувањето на изборите на 11 декември, како и спроведувањето на реформите препорачани од Европската комисија.

Поврзани новости