Утре втора средба меѓу Пленумот и МОН

by Фокус

Втората средба меѓу претставниците на Министерството за образование (но, и министерот за финансии Ставрески), Студенсткиот и Професорскиот пленум и ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски ќе се одржи утре, откако минатата недела беше договорено да се формираат работни групи. Тие работни групи со претставници од секоја засегната страна, вклучувајќи го и Студентскиот пленум, за 30 дена ќе треба да направат анализа на состојбата во образованието.

Министерот Адеми не сакаше да коментира дали ќе се откажат од државниот испит, туку само кажа дека е задоволен поради тоа што има дебата, која била многу важна. Неговиот хрватски колега Ведран Морнар, кој е во посета на Македонија, рече дека државниот испит како модел е познат метод на контрола во високото образование, но истиот треба да се користи за да се обезбеди соодветен критериум при упис на повисоко ниво на студии.

Во меѓувреме продолжува окупацијата на факултетите и денеска навршува тринаесеттиот ден. На сите факултети на УКИМ редовната настава е бојкотирана, а студентите сами организираат алтернативни предавања со професорите кои ги поддржуваат.

Поврзани новости