Путин се надева дека нема да дојде до војна со Украина

by Фокус 23:00
23:00

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека се надева дека нема да дојде до војна со Украина и смета дека тоа е тешко возможно.

-Мислам дека такво апокалиптично сценарио е тешко возможно и се надевам дека до тоа никогаш нема да дојде. Најлошо е поттикнувањето на конфликт меѓу Украина и Русија, како и обидите  да се преувеличи тој конфликт, рече Путин во интервјуто за „Русија-1“.

- Advertising -

Тој даде и неколку препораки кон Украина, како на пример да ја уреди економијата, социјалната сфера и да ги уреди своите односи со југоистокот на земјата на цивилизиран начин. Ја искометира и изјава на претседателот на Украина, Петро Порошенко за намерата да го врати Крим.

-Што се однесува до враќањето на некакви територии, тогаш тоа се работи од реваншистички карактер, и работата не е во враќањето на некакви територии некаде, рече Путин.

 

Поврзани новости