СДСМ: Груевски неодговорно се обидува да манипулира скриен зад сервисот Јутјуб

by Фокус

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов излезе со реакција по последните случувања со објавувањето на видео снимки од доказната постапка на Љубе Бошкоски и откажувањето на средбата на Груевски со претседателот на Европската комисја, Жан Клод Јункер.

„Наместо да се соочи со јавноста, Груевски неодговорно се обидува да манипулира скриен зад сервисот „Јутјуб“. Непосредно пред веќе откажаната средба со Јункер, еврокомесарот Хан предочи дека е доведена во прашање „репутацијата“ на Македонија“, стои во реакцијата од СДСМ.

Шилегов посочи дека лично портпаролката на Европската комисија на денешната прес-конференција во Брисел информираше дека Јункер, поради „развојот на ситуацијата во Македонија“ ја откажал средбата со Груевски. Како што вели Шилегов,  скандалите со прислушувањето, местењето судии и судски одлуки, обелоденетиот политички монтиран процес, проследен со изживување, е запрепастувачки не само за домашната јавност, туку и за меѓународната заедница и политичките структури во меѓународни рамки.

Поврзани новости