Утре во судот ќе се емитува цела снимка од случајот „Поткуп“ против Заев

by Фокус

На барање на премиерот Зоран Заев утре во Кривичниот суд ќе се пуштаат снимките за случајот „Поткуп“, според кои премиерот се товари за барање и земање поткуп од  бизнисменот Иван Николов Сачевалиев додека бил градоначалник на Струмица.

Заев тврди дека снимките што се објавени на интернет се со најмалку два прекина за да се дискредитира неговиот интегритет и углед.

Обвинителката Валентина Бислимовска е против предлогот да се пуштат снимките во целост, бидејќи, според неа, иако се декласифицирани, тие може да се користат под строго определени услови во судска постапка.

На судското рочиште треба да сведочи бизнисменот Сачевалиев, кој до сега не се појавуваше на рочиштата за предметот.

Поврзани новости