Утре во Собрание седница на Комисија за надзор над работата на АНБ и АР, на барање на Гаши

by irena 22:12
22:12

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) во врска со наводите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година.

Во известувањето за закажаната седница се вели дека со неа ќе претседава пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска.

„Ве известувам дека согласно членот 126 од Деловникот на Собранието со третата седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР ќе претседава членот на Комисијата, пратеничката Славјанка Петровска“, се вели во известувањето.

Единствена точка на дневен ред е предлог-заклучокот за вршење надзор над работата на АНБ во просториите на Агенцијата.

Ова следува откако пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, вчера побара да биде свикана итна седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) по наводите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година.

Слични вести