555
Утре во 18 часот пред Собранието на Македонија, граѓанското движење „АЈДЕ“ најави протест поради најавениот предлог-закон за забрана на објавување на т.н. опозициски бомби со кои се инкриминира власта.
Стоп за цензурата! Не ги даваме бомбите! Не ја даваме вистината! Стоп за фашистички закони! нема да ви помине!“, напиша движењето во повикот нa Фејсбук.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предложија закон за бришење на сите досега објавени „бомби“ на СДСМ, односно за прислушуваните материјали, а казната за секој што не би го почитувал законот да биде четири години затвор
Во предложениете законски одредби индиректно се предлага порталите да ги тргнат од своите веб-страници сите досега објавени текстови поврзани со материјалите од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, што се однесува и на досега необјавените прислушувани материјали што треба да бидат предадени на специјалниот јавен обвинител.