Повеќе граѓански здруженија и иницијативи в понеделник, на 28 декември, во 17 часот пред Владата организираат протест Излези за воздух! / Dil për ajër! против енормното загадување.
– Времето не гази, а воздухот и понатаму ни го зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не демнат и нас и нашите блиски и нашите деца! Доста е! Се здруживме и одлучивме дека ќе кажеме НЕ! Ве повикуваме сите кои дишете, а не сакате да умрете, да ни се приклучите на протест на 28ми декември (понеделник) во 17:00 часот пред Владата на Република Македонија. Протестираме против загадувањето на воздухот! – се вели во повикот.
Од таму велат дека протестираат за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити здравјето на граѓаните.
Организаторите минтата недела на прес-конференција пред Владата порачаа граѓаните да излезат масовно на протест, со цел власта сериозно да го сфати проблемот со загадување.