СДСМ: „Република“ и „Курир“ заработиле повеќе од 2,4 милиони евра

by Фокус 11:15
11:15

На кој начин провладината „Република“ се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра, а како „Курир“ се стекнал со приходи од 1,3 милиони евра, прашува СДСМ.

– Според официјалните документи на Централен регистар неделникот ‘Република’, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра за период од три години. Како ‘Република’ остварила приход од над 1,1 милиони евра? Ако се има предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра! – се наведува во соопштението на СДСМ.

- Advertisements -

Од СДСМ истакнуваат дека јавноста очекува одговори како „Република“ и „Курир“ се стекнале со овие приходи.

– Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на ‘Курир’. Дали ‘Курир’ молчи поради поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на ‘Курир’, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП? Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма покрај сопственик на радиото Слободна Македонија сопственик е и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово. Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков. Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков. Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел – пишува понатаму во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости