ФРОДЕМ бара цивилниот сектор да се вклучи во решавање на политичката криза

by Фокус

ФРОДЕМ смета дека една од мерките за ублажување на политичката и инстиционална криза е вклучувањето на цивилниот, невладин сектор во Македонија во работата на институциите.

„Невладиниот сектор е далеку од совршен. Тој, исто така, е цел на партиски влијанија и придобивања и донекаде во оваа смисла е поларизиран. Но, сето ова е второстепено во однос на круцијалната улога која тој може да ја одигра во премостувањето на политичките кризи и во градењето мостови на дијалог и изнаоѓање заеднички решенија меѓу судрените политички субјекти. Демократската енергија која ја поседува цивилниот сектор никогаш не може да биде заменета од политичките партии кои по дефиниција имаат парцијални цели, непосредно поврзани со освојување на власта – се наведува во соопштението на ФРОДЕМ.

Тие подготвуваат работна верзија на текст на Закон за учество на цивилниот сектор во органите и телата на институциите. Во законот се предвидува учество во својство на надворешни членови на претставници на цивилниот сектор во конкретни тела и органи.

Поврзани новости