497
Лидерите на четирите најголеми партии утре во 14 часот ќе остварат средба во Клубот на пратеници. Средбата е иницирана од претставниците на меѓународната заедница како компромисно решение за да се отвори дијалог за решавање на политичката криза.
На Груевски, Заев, Ахмети и Тачи им било понудено средбата да се одржи под координација на претседателот Ѓорѓе Иванов, но од ДУИ веднаш го одбиле предлогот, бидејќи оваа партија не го признава Иванов за претседател.