Граѓаните кои протестираат стигнаа пред Собрание

by Фокус

Граѓаните кои и денеска протестираат обединети во движењето „Протестирам“, пристигнаа пред Собранието кое ќе биде нивна крајна дестинација. Тие откако протестот го започнаа во близина на Владата, кон која пристапот повторно е оневозможен од полицијата, поминаа и пред Основниот суд Скопје 1. Таму побараа да бидат ослободени притворените студенти, за чиј притвор сметаат дека е мерка за заплашување на сите граѓани кои протестираат.

Демонстрантите носат платно на кое пишува „Збогум Никола“, а извикуваат „Груевски оди си“ , „Готово е, готово“ и „Николче-диктаторче“.

Барањата на граѓаните кои протестираат обединети во движењето „Протестирам“ се: итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање на Влада за демократизација на институциите.

Поврзани новости