Снимка за наводно примање поткуп излезе на Јутјуб, Заев демантира!

by Фокус 18:42
18:42

На каналот на Јутјуб после аудио снимките кои ги објави опозицискиот лидер се појави видео, во кое според некои медиуми, наводно се слуша разговор помеѓу Заев и локален бизнисмен од кој тој бара поткуп.

Во врска со ова видео, со реакција и изјава за медиумите се јави опозицискиот лидер. „Со овој потег, Никола Груевски признава дека нема никаков аргумент во случајот за поткуп. Со овој потег, Никола Груевски ја искомпромитира оваа снимка и таа повеќе не може да се користи во конструираната судска постапка“ вели Заев.

„Јас немам што да кријам и затоа барам снимката да биде објавена во целост“, рече Заев.

- Advertisements -

Тој го повика Јавното обвинителство веднаш  да ја објави целосната снимка и на неа ќе се видело дека средствата за кои станува збор се однесуваат за градежни материјали за изградба на црквата, бетон, железо и други градежни материјали.

„Изградбата на соборниот храм во Струмица се изведува преку донации од фирми и граѓани и тоа преку донација на сметка на Храмот, преку купување на градежни материјали за изградба на Храмот и нивно донирање и преку донирање на готови пари за купување на градежни материјали.

Во прилог ќе добиете ЦД со моја изјава како го објаснувам начинот на финансирање на изградба на црквата и записникот за пријавување на обидот за поткуп и поднесената кривична пријава против Иван Николов“, додаде Заев.

Zapisnik-page-001

На крајот тој посочи дека протекувањето на оваа и другите снимки набавени со ПИМ мерки во јавноста, е само уште еден аргумент дека Марко Зврлевски, Јован Илиевски и нивниот  наредбодавател Никола Груевски, веднаш треба да поднесат оставки.

Поврзани новости