Утре средба Бесими – Хан

by Фокус

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, утре ќе отпатува за Брисел каде треба да се сретне со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. После оваа средба, предвидено е Хан да дојде во Македонија.

Сепак, датумот на неговото доаѓање не е прецизиран, но се шпекулира дека тоа ќе биде во петок. Еврокомесарот Хан ќе се сретне со  претставници од Државната изборна комисија, ОБСЕ и ОДИХР, како и со невладините организации, за да утврди дали се создадени услови за да се одржат избори на 24 април.

Поврзани новости