Нема притвор ниту за Исмет Гури

by Фокус

Основниот суд Скопје еден соопшти дека на Исмет Гури, еден од осумтемина осомничени во предметот „Титаник“ нема да му биде одредена мерка притвор, како што побара Специјалното обвинителство. Наместо тоа, на осомничениот му е одредена мерка забрана за приближување до одредени лица.

-По негово сослушување во присуство на полномошник, судија на претходна постапка од одделот за Кривично полнолетни донесе одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му определи мерка за претпазливост од член 146 ст. ст.1 т. 6 од ЗКП односно Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица, се вели во соопштението од Судот.

Исмет Гури во предметот „Титаник“ се товари за изборни нерегуларности за изборите за градоначалник во Чаир во 2013.

Поврзани новости