Утре седница на Советот за безбедност, ќе присуствува и Филипче

by fokus 17:15
17:15

Утре со почеток во 14:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за финансии, Нина Ангеловска.

- Advertisements -

Поврзани новости